Го погледна попот калуѓерот, се прекрсти пред иконата и ја бакна, a no него истото го направија и селаните. – Каде вака сабајлево, оче дуовниче? – го праша поп Пејо калуѓерот и го погледна некако со извесна недоверба. – Од Трескавец, света Богородица, да ни е на помош – одговори калуѓерот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)