Ете, тоа јас го сонував, мој пријателе, како никогаш да не сум се вратил од Голи Оток, како таму ме погребуваат во голема јама со моите стари соборци и, замисли, со сите почести, дури и со посмртен марш!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Посмртните останки на Фаик Коница, пет години по смртта, се погребани во бостонските гробишта под звуците на музиката на Вагнер и незаборавната реч на Фан Ноли.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Черепите на М.Бошнаков и на М.Арсов им биле предадени на нивните родители за да ги погребаат во своите гробници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Веста го обиколи светот, а најтрагично одекна во Галилеја, во родната земја на поетот, окупирана од Израел уште во 1948 година, каде што го очекуваше неговата 96 годишна мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговата желба била да биде погребан во Галилеја. Израелските власти тоа го забраниле!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Набргу почина. Ја погребаа во Корча. Беше силна жена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)