И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја подаде кон него здравата рака и тој ѝ помогна да стане.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога престана, се потпре со дланки на масата и се подаде кон Отец Симеон гледајќи го рамнодушно.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Песоглавниот ја подаде кон мене муцката и звучно ме мирисна, трепкајќи со набабрените очи. Потоа замижа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се подадов кон прозорецот, наслушнав, и потоа сосема станав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа го потфати блокот од двете страни одоздола (Ѝ ги протна рацете под плешките од што нејзе дојките ѝ се подадоа кон него принабрекнати!...) и се загледа во предизвикот што му го сугерираше зелената страница пред него (Се почувствува пред помама што како да го исплаши дека ќе сврши предвреме!...).
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Летка ја подаде кон него раката со отворена, повикувачка дланка: „Дај ми ја авионската карта“, му рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа беше една мала валтичка, заштитена од северните ветрови, а сета свртена, подадена кон југ, кон сонцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тешката, влакнеста рака, за која верувам дека е со неподвижен прст, се подава кон чашата...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Задржувајќи го весникот во десната рака, Маргина 34 43 левата ја подаде кон оној што беше поблиску до него.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Неговото шмркање било густо, се мешало со чкртањето на сувите тркала; таквите луѓе му се одмаздуваат на оној што ќе ги навреди кога тој ќе заспие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад ја извлекол пушката од сламата и ја подал кон сенката над него. - Земи. И остави ме. Сакам да спијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пашата, вљубен во крстена младост, а и самиот млад, ги пратил девојките со товар азно, со дукати малку помали од сонцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ашколсун, ги подал кон арамиите рацете да му ги целиваат, ги облекол во арапски антерии и им дал анџари и наџаци да се бранат патем, при враќањето, од човек и од ѕвер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш се подаде кон мене преку масичето и многу сериозно праша: - Баздам?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Милошевски се подаде кон мене преку бирото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ги ококорави очите, се свисна, о ѓаволскиот артист, ги подаде кон нас крвавите раце и тихо, тихо, болно рече: - Другари умирам, - Да живее слатката слобода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Задржувајќи го весникот во десната рака, левата ја подаде кон оној што беше поблиску до него.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)