Слушајќи го нивното кричење, полковниците сѐ уште убаво не истрезнати, започнаа да ги имитираат, да викаат и тие како нив, да им ги поддржуваат гласовите; грабеа со грстите вода, се стркаа еден со друг, силејќи се кој подобро ќе гракне, ќе запрпори како птиците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)