Онисифор Проказник внимавал да не пропушти ни најмало движење на настаните обидувајќи се прецизно да оддели еден звук од друг, со сигурна граница да ги подели лутината на својата пот и мирисот на тревите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин свенале зелените пупки во очите на момчето со многу сонце и злато во косата, и потем, по последниот несвесен обид да ја стресе од својот грб олабавената младост, мустаќестиот човек со неверојатна и бездруго претсмртна сила ги закопал ченгелестите прсти во глекавоста на црвеницата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)