Одврза шамија, подигна раце и очи кон небото и, стоејќи како скаменета, се помоли: - Боже Богородице, Кои знаете што е болка по рожбата својa, чувајте ми ги чендата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога одвај се смири, дури тогаш се осмели да подигне рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Подигна рака, покажа на олтарот и поместувајќи ја од лево кон десно, рече со наслада: - Туа, пушиш, Тито, со цигарата о р’ка и со ена пишчола, на, до туа, д’лга ем голема - таа се удри по колкот - а од левата страна Ленин, со подигната рака, на пролетаријатот му го покажва патот кон светлата и среќната иднина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Фимка подигна раце над глава и, покажувајќи како Циљка ја носеше стомната, рече: - Одеше како ерембица, исправена како ламбада и само плетенката на колкојте - фрт ваму, фрт таму.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја подигнав раката на првото такси возило кое што беше паркирано покрај самиот излез.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тие двајцата воопшто не изреагираа на моето влегување во собата, а Диана само ја подигна раката и тивко изусти: - Здраво јас сум Дијана Ангела ми рече: - Ајде смести се и земи нешто за пиење- па и таа се испружи на подот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Од оваа точка на која се наоѓаа не можеа да видат ништо, требаше да се искачат малку погоре, преку бришаниот простор, поделени, од двете страни на селото, и да се сретнат повторно таму над последните куќи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Чедо мое“, прошепоти мајка ѝ, без да ја возврати прегратката и таа сфати, сосема поразено, дека мајка ѝ нема сила ни да ја подигне раката за да ја гушне.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ни онаа подигната рака, ни онаа тупаница, што се трие по челото, сакајќи барем на некој начин да ја оттурне физички таа слика од себе, тоа сеќавање, таа мисла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
IV. Нему не му одговори, иако се обиде дури и да си ја подигне раката и да му намавне на тоа старче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Брзиот Еди Бакс седеше на столчето спроти нив пред говедото да ги подигне рацете.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А сега за да те испратиме како што треба Тики ќе ти изрецитира нешто свое. (Кон Тики) Маестро, повели!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тики: Благодарам, Еди. (ѝ се поклонува на бабата и театрално ја подигнува раката во воздух) Тики: Секогаш сам по паркови се мотам на мали дечиња бонбончиња им давам некои од нив веќе не ги видов белки не заради она што во бонбоните го ставам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги подигна рацете и со силен, растреперен глас, проштално се сврте кон народот: - Не плашете се, драги браќа и сестри.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа ја крена раката како со неа да крева некаков тежок предмет, направи во воздухот едвај видливо движење кое наликуваше на мафтање, и бавно ја спушти раката покрај телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мажот и децата тргнаа кон излезот од Гнездо; пред да поминат низ портата, се свртеа кон жената, ги подигнаа рацете и ѝ мафнаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)