подигне (гл.) - од (предл.)

Дури и паметниците подигнати од цврст материјал не ги издржуваат лутите промени на сезоните".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По барање на гемиџиите, Сарафов наредил да се провери документацијата, од што се констатирало дека на 17.02, 1903 година „стоката“ била подигната од царинарницата (Шатев посочува факсимил на овој документ).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи, според Сарафов, динамитот бил запленет во царинарница, според гемиџиите, тој бил запленет, но откако бил подигнат од царинарницата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па ли за бој, ех, подигнат од страден народ прок’лнат, ели за дните престари кога е скинал синџири?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Но стрико му тогаш го подигна од подот, му ги избриша солзите и насмевнато му рече: - Ајде, Зоки Поки, доста плачење. Погледај нешто ваму!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се разбира дека се чувствувам премногу комотен додека ги сместувам зборовите на Даскалов во мои реченици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)