Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)