поднасмевне (гл.) - и (сврз.)

Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И трите жени отспротива останаа на местото поднасмевнати и среќни што можат да видат вакво чудо - Џорџ и Жабе да се подбиваат со добротворот Симон Поцо, важниот писател кој малку- малку па нешто на машина пишува истопорен на балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие требаше само уште да се поднасмевнат и сѐ ќе беше во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кметот се поднасмевна и рече дека е тоа најскромното нешто што можеа да го направат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Потоа како да се поднасмвна и повторно ја погали: - А можеби е и добро... - рече.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)