Библиотекар(к)ите, кај кои ги носеше сигнатурите на книгите што ги бараше, отпрво мислеа дека тој е еден од оние вечни студенти што си ја подјадува последната нива одлагајќи го своето враќање на земјата; но магазинерите што му ги пронаоѓаа книгите по мувливите полици, знаеја многу повеќе и многу поточно за него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)