Мојот коњ пцовиса претходната ноќ од преголемите напрегања по оваа ледена зима; мојата слугинка трчаше по селото за да позајми коњ; но беше безнадежно, го знаев тоа, и сè повеќе завеан со снегот, станувајќи сè повкочанет, стоев така бесцелно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Внатре на јаже се нишаше еден мрачен шталски фенер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме облеа топлина и мирис на коњ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На портата се појави слугинката, сама, и мавташе со фенерот; па се разбира, од кого сега можеше да позајми коњ за едно такво патување?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)