Незабележливо го насликав Баумгартен одеднаш на два начина - како почитуван старец, како што тој тоа го сакаше, а на друго платно, како што тоа го сакав јас, - со виолетова муцка, со бронзено шкембе, во темни, дождовни облаци, но вториов, се разбира, не му го покажав нему, а му го подарив на Куприков.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)