Ми го покажа писмото, објаснувајќи дека претставувало благодарница, или нешто слично, а му ја испратил некој од несреќниците кој негде во раната пролет седел на истиот стол на кој сум седел и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите. „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц. „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ЛЕНА: Значи, ви го покажал писмото.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
– Штом ти го покажав писмото- покана за Италија и ти со голема возбуда го прочита, те озари некаква светлина во лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како да сакаше да ми рече: столот на кој седиш ја претставува вашата заедничка судбина но при услов да ја имаш истата среќа што ја имаше и тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
КЛАУС: Третиот рајх. (Му покажува писмо.)
СИВИЌ: (чита.) А Стево Андреевиќ,
КЛАУС: Него го пензионирам јас лично. (Влегува Херцог.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
САЗДО: Тој е убеден оти вие не знаете дека писмото е кај него.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)