Она што го покажуваат примерите вклучени во книгата, е дека организирањето и поведувањето на штрајк, и покрај сите притисоци и законски ограничувања, не е однапред осудено на пропаст – штрајкот може да успее во намерите и тоа претставува нешто што несомнено инспирира.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Она што го покажува примерот со италијанските вдовици од Фајер Ајленд и она што го имплицирале и претходните примери со Тони Кушнер, Дејвид Мекдијармид, Том Ширер, Беовулф Торн и Исак Џулиен е дека токму сопственото страдање на самите машки геј-субјекти е двигател на оваа карактеристична форма на саморанувачка иронија и ги дава побудата и поттикот за смеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)