„А таму некаде, гледаш татко“, покажуваше накај заснежената Китка, „натаму е таа фамозна санитарна депонија Дрисла, спасувач на градот од ова чудовиште - Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Да прегазиме таму!“ предложив, покажувајќи накај островчето. „Ќе бидеме како Робинзони.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога Карче се искачи на скалите стројничката, која за сето време шеташе горе-долу по одаите и по чардаците и добро внимаваше да чуе сè што говореа луѓето, - ја поттргна сета малку настрана Аспасија и, незабележно, покажувајќи накај Карчета, ѝ рече: - Покани го, да седне до Робета...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)