Според мое мислење книгава, раскошно илустрирана, треба да се отпечати во пар милиони примероци (ја покрива целата палета на читачи, од дечурлана до тнр. постмодернисти!) и да се претвори во предлог-сценарио за холивудски спектакл со буџет од 100 милиони долари.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога ќе откафтеше уста нејзините зборови се однесуваа само на зимата, на снеговите што знаат да ја покријат целата рамница и не само рамницата, туку знаат да ги затрупат уличките, дворовите, покривите, така што се добива впечаток дека ѕидовите од куќите се скусуваат, а луѓето се претвораат во џуџиња во така мали кукички.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Толку што се однесува до милионите, уживајте во фрагментите од книгата што ви ги пренесуваме. (Аббе Бузони)
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Замаглено гледа на развиканата и расплакана бегалска толпа што како огромно црно платно налегна и ја покри целата ширина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)