положи (гл.) - испит (имн.)

После, кога ми дојде мене редот, откако таа си го положи испитот, го знаев само првото прашање.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи, првиот положен испит дополнително ме поттикна и ми даде волја да се борам за живот и опстанок.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со заедничкото живеење и со бракот на проба го положија испитот на зрелоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради доцнењето, не го положил испитот и не го завршил факултетот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакаше да помага секому и можеше да ти положи испит на факултет ако си заглавил, да ти ја тргне одлуката за рушење на дивоградбата во фиоката најдолу, под сите предмети, додека не застари, и да ти најде работа на машина за бришење мермер во Градски трговски центар или на кран на градилиште.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да ги решат проблемите. Да прослават положен испит, дипломска или роденден.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако е веројатно дека имотот и имотната корист или предметите се наоѓаат во странство, се распишува меѓународна објава кон која се приложува изјава дека во случај на нивно пронаоѓање ќе се побараат привремени мерки за замрзнување или конфискација на имот и имотна корист или одземање на предмети (чл. 564, ст.1-2 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)