Крамповите, лопатите, секирите и клештите, виљушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени: Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А Стојанче покрај неа и помага во работата...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Татко ми беше ангажиран од еден пријател кој подготвуваше еден државен билтен за тоа што пишува странскиот печат за земјата, да му преведува или да му помага во преведувањето на странските текстови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Благодарејќи на стриктната хронолошка организација, „Мислењето како форма“ помага во разбирањето на Бојсовиот прогресивно- редуктивен пристап кон бојата во шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сите овие елементи се користени за создавање исклучително апстрактни и минималистички слики врз така секојдневни предмети како: картон, новинска хартија, хартија за завиткување, хартија за шмирглање, листови од дневник и др.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Архирабинот го испраќаат со свирежи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што да прави? Корец држи уште еден говор, уште попоразен, светувајќи им на верниците да се помагаат во деновите на искушение што настапуваат...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го гледа мудриот и достоинствен Соломон како разговара со двата Хирама, кралот Хирам од блиското кралство кој му помага во зафатот да изгради Храм на единствениот бог, го гледа како поминува со машката рака врз маслинестата свила од бедрата на кралицата од Саба, потем и карванот со нејзините дарови испратени за Ерусалим, го гледа мудриот крал како се советува со вториот Хирам, вештиот мајстор на бронзарските работи со кои е преукрасен Храмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија. Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Соработувам со луѓе кои ми помагаат во дистрибуцијата, издавањето, продажбата на стрипот и за сѐ друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога почнав да се пробивам, андерграунд печатот почна да замира, а со тоа и андерграунд стриповите престанаа да се печатат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа една вечер Брле нарача по Суклета да и стори абер на Митра да дојде на колибата за слонарка, да ги варди јагнињата и телињата во аслото и да му помага во припуштањето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Главниот проблем на СОЕ не бил кого да помагаат во Југославија и Грција туку со што да го помагаат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во однос на Југославија на истата е постигнат договор според кој “југословенските партизани треба да се помагаат во воен материјал“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сега ни требаше уште еден човек да помага во тепањето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Беа сиромашни: Земанек се трудеше и да работи (покрај училиштето), па често одеше да помага во една кафеана; му даваа по некој денар, а тој беше вреден и со ноќи остануваше на работа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да започнеме со гледање во речникот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тераписки, што помага во лекување или за здравје; лековит; преокупиран со откривање и примена на лекарства за болести.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
ЗАКЛУЧОК Тераписките практики на кои јас укажувам како на „декоструктивни“ помагаат во воспоставувањето на чувство на „делотворност“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Проверувајќи ги овие практики со клиентите, научив дека според нив, вклучувањето на одговорите на терапевтот и на тимот е многу значаен фактор во постигнувањето на промените во нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И не само тоа. Бев и медицински брат и носач и чистач и растоварувач и товарувач и помагав во кујната...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А и татко ми не ретко ѝ помагаше во тоа чистење и уредување на куќата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сакала да живее со нивните жалости и радости и да им помага во нивните чекори, во првите чекори во животот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога јас би бил во ситуација да бирам страна, што би рекол еден мој пријател книжевник, „Во нашата книжевна средина мора да избереш страна инаку ќе те нема!“, јас би ја избрал страната на Андриќ затоа што тивкоста, бавноста и шепотот, секогаш помагаат во кавгата да се вклучат оние што би требало да ја водат, оние чии оценки за тоа кој каков писател е, се најрелевантни, а тоа се читателите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
НЕДА: (Сета избезумена, му се покорува. Тој ѝ помага во тоа.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А и ти на нив, па така ги знаеш цените на цел ред од твојата, а и од страната карши, солидарно помагаш во редењето на робата на комшијата, а и тој на тебе кога собираш како споулавен, ако дувне бура,а вазните се кршат наоколу.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Или во друштво на Јована Акиноски акаше низ ливаѓето, низ мртвиците, низ бавчите и му помагаше во собирањето бубачки, жаби и тревишта. Или пладнувше покрај изворите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Па,сепак, неговата приказна, онаа што толку многу ги интересираше жителите на Потковицата, за него и за мајка му Благуна, брзо се расчу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Многу пати татко му го скаруаше задека се забаал в град и не му идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше ватил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што тие велаат: вај, бај да не се настрвит пес на касапница, да после мачно је да се одучит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Јас не бев сама, ние бевме пет-шест другачки што си помагавме во пченки-копање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Хера започна да му става до знаење на нејзиниот слеп маж дека имаат уште еден член во семејството кој им помага во работата, кој се грижи за Пансионот како и таа, дека е добар и има добра душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Жена му на Шандор, Стела, како да е доближана повеќе до Богдана отколку до мажот ѝ; веројатно затоа што му помага во правењето и носењето малтер на скелето, додека Шандор се грижи за набавување материјал.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А моите многу го сакаат, особено мајка ми, оти многу му помага во ауро со кравите и сирењата и ја одржува мазата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Таму останала една година, помагајќи во производството на книжулиња во запечатени кутии, со наслови како „ Скокотливи приказни“ или „ Една ноќ во женско училиште“, за да бидат купувани потајно од проловската младина, која имаше впечаток дека купува нешто недозволено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јоргованот му зборуваше: среќата и извонредната сила ти помагаат во сѐ, ибн Тајко, во сѐ што бараш и сакаш да постигнеш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас сум твоја навика која ти помага во сè.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Загрижени, ни помагаат во сè, слично на животот кој има навика да се повторува.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Кога го видов Матеј во белиот мантил веќе го гледав идниот доктор во семејството којшто ќе им помага во болестите на своите најблиски и на сите луѓе. Почувствував гордост.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
ВЕРА: Навистина е чудно: јас сонував дека некој го затворил во шкаф за облека, а кога почнаа да го отклучуваат и да го тресат шкафот, тој самиот дотрча со калауз, страшно сериозен, и помагаше во отклучувањето, а кога најпосле отклучија, се виде дека таму виси само еден фрак. Необично, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уште есента дојдоа грчките андарти (кои пред две три години ги поклопија селата: Градешница, Будимирци, Старавина, Бзовиќ и Груништа, оние каде што Толе паша собра најмногу востаници на востанието за да го брка Турчинот) на манастирот свети Илија во Мелница и ги заклаа сите петмина момци со десетгодишното дете на маѓерот Стојка, оставајќи го дедот Сталета сам во неговата кула, откако им вети дека и тој ќе се погрчи и ќе им помага во нивното „свето дело".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Свесна дека Бог еднаш помага во судбоносното време, решив самата да си го сошијам италијанското знаме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Слушајќи го попот кој ги погребуваше мртвите, ги научи молитвите. Му помагаше во пеењето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но ти имаш право кога велиш дека растојанието, па дури и она што обично го сметаме и за временска дистанца, помагаат во согледувањето на правата вистина - рече Бојка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ја отвори повторно слаткарницата и го стави Столпника да му помага во работата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Истовремено, тие се маркери на различноста, помагаат во дефинирање на културниот идентитет на една група vis-à-vis аутсајдерите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ќе му помага во цртањето на патот на кој само смелоста вирее! Дури и ќе му позавиди!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
КИРО: Помагам во уќуматот со катастарот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Снегот само крцка, ми помага во пеењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дена ми помагаше во тоа одлагање, сета восхитено од роевите светулки низ воздухот, од роевите ѕвезди на небото, од отсјајот на месечината во потокот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ох, сето тоа беше навистина волшебно убаво и по малку таинствено и застрашувачко.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)