А Мајка, со својата добрина, со знаењето јазици, со верската толерантност што си ја имаше всадено уште кај солунските лазаристи, беше сакана, помагана од соседството, без разлика на верата, на народноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Вреди да се истражи“, ми пишуваше Александар М., „дали Никола Поцо бил еден од поголемите сподвижници на народната култура и образование во тоа време, или е просто трговец што помага од доброчинителни побуди“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)