помине (гл.) - време (имн.)

Оваа тројка е стара оргијашка екипа, и самиот знаеш. Нон-стоп се акаа по журки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најчудно е што како поминува времето и како сум повеќе со нив ми се чини дека ги засакав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ќе го забележеа од далеку, другите козари со стадата доаѓаа да го поминат времето со Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Глетката е необично променива: час гледаш како сите добро се знаат, среќни се што заедно овде безгрижно си го поминуваат времето фалејќи се еден другего за сè што направил и истовремено се прават како никој никого да не познава дури и како секој од секого да се срами.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Е, да чуеме, коџабаши, — проговори јузбашијата очигледно нервозен од неизвесноста, дали Трајко ќе каже или пак само гледа да помине времето да не оди кај Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да пронајде богата жена која ќе го сака токму таков каков што е и среќно би го поминала времето до крајот на неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како што не можеш да ме натераш да играм, да трчам и лудувам. Поминало времето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека срната е преплашена, дека ќе помине време додека се привикне, а сепак во едно паниче стави малку ченкарно брашно и го принесе пред неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ова е директива, му велам. Им помина времето на наредбите, велам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дедото одеше на риби, но не за да фати риба, туку да му поминува времето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А штом ќе помине времето што си погоден со компанијата, се разбира ако не ти е арно таму, ќе му пишеш да те земе кај него. Разбираш?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Проектите за реформи и усилбата да се воведат тие не се, како што мислат мнозина, само игра да помине време и да си остане сѐ како што си било.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се сети како да го помине времето. Не требаше да оди далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ама јас ова го кажував вака, да ни помине времето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговите очи понекогаш се гледаше силна желба да учествува во некој интересен разговор и круг, но мислата го кочеше: да не биде тоа премногу од негова страна, да не биде фамилијарно, и да не го намали на овој начин своето значење?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако му се случеше да биде со некој рамен на себе, уште и можеше да мине како човек на место, мошне честит, во многу нешта дури и доста умен; но штом ќе му се случеше да биде во друштво каде што има некој макар со еден чин понизок од него, тогаш тој стануваше просто за никаде: молчеше, и неговата положба просто предизвикуваше сожалување, дотолку повеќе што и самиот чувствуваше дека би можел да си го помине времето неспоредливо поубаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да бидеме рамнодушни кон тие искушенија. Оставам да помине времето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој забрза, сакаше да премине кон десниот хангар, а јас уште еднаш викнав: Стој!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој почна да се накашлува да му помине време, а јас по трет пат: Стој, пукам!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Помина време, и Божиќ помина, и паричето во погачата, и амкањето јајце, и фрлањето на крстот во Вардар, па дојде и Велигден, а Костадинка, Коца, бидејќи беше на прагот да излезе, се понадева ибн Бајко дека нешто стравот како ќе биде тоа излегување пред порти, а нешто и радоста, ќе го сменат табиетот на Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се обидуваше да се теши дека, колку ќе поминува времето, раните ќе се залечуваат...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе видиш... Само, ќе помине време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Треба да помине време за да се почувствува нивното дејство“, соопшти уште една од своите мрачни размисли и го стутка догорчето во пепелникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во Лондон, неколку илјади луѓе го поминуваат времето на Хемпстед Хит и на други места од пролетта до раната есен, а зиме мигрираат во душевните болници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дали денес третманот на ментално вознемирените е на повисоко ниво отколку што беше порано? Сегашната ситуација е покомплицирана од онаа од пред дваесет, триесет години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И она што го облекуваат и тоа како го 58 Margina #10 [1995] | okno.mk поминуваат времето? (...) Дали се револуционерни и во други погледи?  Б: (...) Многу од нив сега се.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Отидов пак во кафеаната „Солун“ за да ми помине времето зашто бев многу нервозен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поминало време, еднаш заедно со капетан Чочков одат на пазар во Саботско, па тој на Вангела: Абе тиа овците уште не ги имам платено!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дедото одеше на риби, но не за да фати риба, туку да му поминува времето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Нема денес колач – мирно одговара мајка ми – тамам мислев да го почнам, се расприкажавме со Бреза и помина времето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)