Кога разбра дека Трајко Сирме и бил татко на Анѓа, не можеше да се воздржи, а да не воскликне пред неа: – Ами кога ти велев дека ќе ги изгубиш родителите, ти што велеше, а? – и пак ја покани да се потурчи, не да ја прави сега анама, ами да му помине инаетот, да биде на неговото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)