Дните си врвеа, помина недела, две, три. Заврте месец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, брате! На добро тргна. Мина што помина недела или неполна недела, а шефот го гледа напорки.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И таман се утешија, дека кршил глава пак во Бугарија кај таа „ороспија“, му дојде друг абер од битолскиот кајмакам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Поминаа недела, две, месец па и половина година.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не ќе помине недела, и ќе пушти некого во Прибилци да остави книже кај чешмата. „И ноќеска бев кај вас и можев сите да ве исколам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги засили потерите по цело Мариово од двете страни на Црна, но поминаа недели: немаше никаков абер ни да удрила потерата на Толета, a камо ли да паднал в раце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)