Самопрогласената „карпа“ негова беше најмалодушниот од нив – откако трипати се откажа од Него, како што Учителот самиот предвиде, не можеше да се помири дека овој за првпат воскреснат ѝ се покажа на Магдалена, а не нему.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Беа изминале веќе дваесетина дена, откако Марија се помири дека на Хелвиг не треба да се надева. Ни на писмо. Ни на пари.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не може да се помири дека ртењето ќе трае девет месеци и дека треба да го роди токму во одајчето, во испосничката келија на Димостена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не можеше да се помири дека тој, човекот што го сакаше и за кого мислеше дека ја сака, ја отфрли, така одеднаш, и неа и детето...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)