И додека на неговата скромност, повлеченост и срамежливост им нема крај кога станува збор за секаде присутните секојдневни општествени неправди, за најтривијалното газење на човечки права кое се случува под неговиот нос, кое што тој ниту го гледа ниту го слуша, и во врска со што главно ништо не му паѓа на ум - во негово присуство непречено можете да ги газите сите закони на правната држава и сите норми на човечност, можете да му дадете слобода на најперверзното самоволие, смеете да пљачкосувате и разорувате, дури смеете и да убивате, ништо од сето тоа нема да ги помрдне неговите крукчиња - истото тоа тромаво, тивко и незабележливо општествено суштественце молскавично оживува ако го мобилизирате за националната кауза или, уште подобро, ако го поставите на маса околу која се одлучува за судбината на цели народи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)