Ќе ме попушти и пак ќе скокне, ќе ми се фрли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Меѓутоа, трогнат од широкоградоста на постарите браќа, кои заради заедничкото дело биле готови да се откажат од најмилото на светот, најпосле и тој попуштил и ветил дека ќе молчи таа ноќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па, ќе даде господ, калта ќе се олабави, ќе попушти и јас ќе почнам да се враќам пак назад, на земјата. На здраво да згазам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Готово е, наеднаш попушти и сѐ му стана чудно и обично.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Во тој миг стисокот на неговата рака нагло попушти и буквално ја оттурна раката на Славица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Денгубничке проклета, утре в зори со коритото за алишта на вода да одиш и таму да останеш до ноќ сосе четка и пиралка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наеднаш нешто ми попушти и си плачам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)