Се воведе и дополнителна заштита на бремените работнички кои работат со опасни хемиски материи да бидат запознаени со дополнителните ризици од овие супстанци за нив и неродените деца (чл. 29 од ЗИДЗРО/септ.10); ● второ, доколку работничката се породи порано од претходно утврдените рокови (45, односно 28 дена), породилното отсуство почнува да го користи од денот на раѓање на детето до истекот на рокот предвиден за траење на породилното отсуство (9 месеци, односно една година за близнаци, тројка и повеќе деца).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)