Хор Египќани, кој си го бодри јунакот кон победа, извикува „Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поточно, таа е етиописка робинка, пленица во Египет, која, всушност, му е ќерка на етиопскиот крал и која штотуку ѝ се придружила на цела толпа помамени, војножелни Египќани што на својот војсководец – кој, всушност, потајно ѝ е љубовник – му посакуваат успех во претстојната битка против Етиопјаните, кои ги предводи татко ѝ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И не само што Аида е жена, таа е и принцеза и робинка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така, насловната улога во Вердиевата опера ја пее жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе знаеме на кој начин спортовите се општествено обележани како мажествени, додека изведбените уметности се општествено обележани како женствени: сето тоа има врска со конкретната општествена кодираност на постапувањето наспроти настапувањето, на борбата наспроти изведбата, на активноста без сценарио наспроти активноста според сценарио, акцијата наспроти играњето улоги – и, поконкретно, со конвенционалните, поларизирани родови вредности и значења што им се припишуваат на тие дихотомии според една строга, бинарна опозиција меѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)