Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Католици, православни, муслимани беа дојдени во обновените храмо-ви да посведочат дека го победиле стравот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дури и на судбината заборави што му го однесе животот без некоја видлива следа, без знак што ќе посведочи дека, сепак, битисувал и бил.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А ќе треба притоа и да посведочи дека јас сум ја измислил оваа приказна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дека таа лично од мене не побара да си го поврати она што и е одземено!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Која воденица? - го прашувам. - Онаа, за која побара да посведочам дека е твоја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- И без твоето сведочење се знаеше дека воденицана на Пребег е моја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или ќе ме земеш Боге од Бањи или ќе те истераат од партијата!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За да можат да посведочат дека сум те искористил?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од друга страна тој лично, а веројатно и многумина од жителите на Горно Морино можат да посведочат дека белезицата му припаѓа на семејството Чардаклиеви; дека на Маре ѝ ја предала нејзината мајка уште кога била жива.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да не останеше Мајка во овој дом, да не му останеше верна на Татковиот аманет, ние, децата, не ќе знаевме за сите овие наши толку блиски луѓе кои доаѓаа небаре да посведочат дека се живи, дека сме и натаму заедно, големо распрснато семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)