Не, „само една минута ќе останам“ - си рече дајреџијата и посегна кон вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја насоли дланката со сол и само ја посегна кон таму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Секој оној што посегнал кон нечесно дело далеку не ќе втаса, рече потоа строго, сурово, познато.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Групата луѓе го преобразија обликот на лицата, запирајќи го својот подбивен смев, алчно посегнаа кон дијамантот, што величенствено блескаше врз дланката на ситното старче.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А случајно кога би посегнал кон неправедноста моето родено срце, во тоа сум сигурен, не ќе се засрами да ми откаже послушност“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ваквото однесување на Иван Степанович воопшто не ме зачудува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден богобојазлив автор веројатно не ќе имал храброст да посегне кон светата книга сместувајќи ги на тие страници своите фантазмагорични видувања ако немал притоа вистински повод и причина.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мајка ми не се плашеше толку од небото прекуден, но ноќните ѕвезди сакаше да ги згасне, и понекогаш скоро како да ја гледав како посегнува кон прекинувачот во главата што никако не можеше да го пронајде.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ќе посегнеш кон едно, па ќе свртиш кон друго. И пак празна ќе ја собереш раката. 144
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)