Бидејки Даниел речиси никогаш не се посомнева дека некој ја одгатнал неговата тајна, никогаш не му падна на ум да погледне во очите на татко му за да открие каков и да било знак.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А и да постоеја некакви чекмеџиња и фијоки со некакви безвредни нешта во нив, може да станува збор само за работи што не можеле да му служат никому освен на ограбениот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку зошто ќе ни требаше да се посомневаме дека некој непресметлив можеби дошол за да ни ограби некакво божемно богатство кое никогаш не постоело.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Премолчи и тогаш кога ќе се посомневаш дека сум скинала и нешто незрело“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата е буржујскиот наследник на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама.
Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако трагичното страдање некогаш се доживее како чиста изведба или имитација на страдање, ако излезе дека архетипските трагични судбини се некакви театрални улоги, тогаш трагедијата нужно ќе трпи загуби во смисла на потврда, на општествено признание и ќе го загуби авторитетот на носител на егзистенцијална вистина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете за него може да се посомнева дека ме продава, а не за баба Анча.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ги поздрави двајцата како стари пријатели, а начинот на кој ја бакна Марија и начинот на кој таа му возврати го стресе Сатурн, и тогаш тој се посомнева дека тие можеби тајно се состануваат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој скокна на нозе со брз обвинувачки поглед кон Винстон во кого очигледно се посомнева дека го сопнал.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дента кога се посомнева дека забременила, се исплаши. Не знаеше што да прави и каде да оди.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога, одненадеж, одлучија да ја напуштат Земјата на езерата и да станат дефинитивни емигранти на природата, Мајка се посомнева дека бездруго јагулите се сплеткале во браздите на неговиот ум, откако се запозна со стариот Русин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Или барем да можеше да се посомнева дека тоа не е истата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се посомнева дека тој ќе заживее повторно, уште долго време.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сите до еден беа потполно нормални луѓе. Ако некој, кој инаку е нормален, се жли на халуцинации, зарем не мислите дека психијатарот треба да се посомнева дека со таа личност нешто не е в ред? Јас не морам!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сè додека со диктат одозгора не се реши дека не е дозволено да се види нешто што другите не го гледаат, да се слушне нешто што другите не го слушаат, или да се чувствува мирисот кој другите не го чувствуваат, сите ние не мораме на ист начин 62 Margina #21 [1995] | okno.mk сè да доживуваме.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А кога Господин Бертран пак го напушти станот со тресок на вратата јас сѐ уште збунета стоев во ходникот и се прашував дали се посомнева дека штотуку излегов од нивната спална соба во моментот кога тој влезе во станот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тој веројатно, по пауза, се посомнева дека Дисциплинската комисија очекува тој уште нешто да каже и, без да ја поткрене главата, додаде: „...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Митревци по светот колку да ми сакаш“, рече мутулавата за која сега авторот се посомнева дека и не е сосема мутулава па ѝ го награди духовитиот начин на прашување: „Геровски“, рече Едо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Никој не можел да се посомнева дека во визбата се подготвува акција којашто ќе ја потресе Македонија и ќе ја вознемири Европа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зар, по цариградското искуство, било можно никој да не се посомнева дека Банката би можела да биде загрозена и под земја.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се посомневал дека динамитот е откриен и конфискуван, а Гркот затворен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со вработувањето на „Грк“ во берберницата, на турската полиција ѝ се одземал поводот да се посомнева дека дуќанчето би можело да се ползува за потребите на македонските револуционери.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)