Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Една друга волја го поставила во положба, да паѓа и на него сенка од подлоста што е починета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако се поставевме во положбата на руската влада, и ние не ќе можевме да постапиме инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Започнува да се занимава со скулптура. 1975 - 1983 Изложби во Париз, во Европа, во САД, во Јапонија. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се занимава со скулптура во Пјетрасанта, Италија. 207 1984 - 1985 Не слика речиси ништо, освен сцени од коридата. 1986 - 1990 Изложбата под наслов „Корида“ се поставува во Милано, Неапол, Палермо, Кноке-ле-Зут, Коро, Каракас.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овде сега се вршат последните подготовки: хотелите се отвораат, собите се чистат и варосуваат, мебелот се проверува и поставува во нов аранмжман, хотелиерите се на своите места...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол во филмската традиција Ворхоловиот однос кон филмската традиција е поинаков од оној кон сликарската, па затоа е потешко да се постави во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И нѐ поставија во низина глуво да ја довикуваме откорнатата пазува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Морам да го најдам центарот на светот, и себеси да се поставам во него, за да не паѓам; во циркусот за мене веќе нема место, од пред некој месец, кога ја изгубив моќта да правам секакви вратоломни ѓаволштини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се бави со истите прашања што се поставуваат во индустриската револуција и постојат и денес - кога градовите и индустријата се издигнати на ранг на феномени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мајката, Таткото и нивната рожба, синот-наратор на балканската сага најчесто ги поставува во позиција над и пред секоја држава и под било каква припадност како верни поданици на татковината на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира, Граси е доволно голем уметник за тие прашања да ги поставува во ваква соголена форма.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А со помош на Џуносуке Окујама (кој, кога Господ би ја знаел својата работа, би го размножил и поставил во секое електронско музичко студио во светот).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Од друга страна, културните граници ги одделуваат различните светови на значење, додека геополитичките граници се поставуваат во геополитичките простори. 2 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 19. 12 1.1 Borders, boundaries, frontiers Да биде забуната уште поголема, во литературата (англосаксонската) се користат цела низа заемно заменливи поими за означување на границата, со различни значења – од линија во земјата/тлото до нејзината примена како метафора за културните и другите „гранични“ подрачја на постмодерната, од територијалните меѓународни граници до метафоричките граници на идентитетот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие мудри и добро срочени мисли се поставени во функција на бликотни осветлувања на ликовите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)