Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве погледни! – и се спуштивме врз килимот кој од пред неколку дена беше послан во дневната соба.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потоа најде една празна вреќа, ја посла во аголот од тремот, веднаш до вреќите со компирот, па ја пренесе тука срната и полека ја спушти на простирката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)