Ако постои француски соодветник на, да речеме, Мадона или на Кајли Миног, тоа веројатно ви е Милен Фармер, чие име треба само да се спомене за да разбуди геј- клишеа – иако имево има такво дејство само во Франција, а не другаде во светот – токму како што Далида не им значи многу на геј- Американците, иако е здробен и трагичен лик сличен на Џуди Гарланд и еднакво класична фигура во очите на геј- Французите од една претходна генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)