За да постои барем малку вистина во ова што го застапуваш потребни е да се сомневаш во пријателите и пријателките, во познатите и непознатите, во државните служби, во твоите комшии – Иследникот се подаде преку бирото кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Многу бргу, во собата станува задушливо.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За Бога било доволно да насети дека би постоела барем трошка светост, барем трошка обожување, за да го создаде светот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дал` постои барем еден сензор во оваа моја изветреана глава за да ми каже каде е?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вреди, би рекол цинично Калигула, сѐ дури постои барем уште една глава за да се стави под ножот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)