Хетеронормативноста, секако, може да се квалификува, да се заузда, ограничи и можеби да се поткопа или да се ослабне до степен што сега тешко може да се предвиди.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, рамноправноста на гејовите, сама по себе, нема да им стави крај на хетеронормативноста и на нејзините последици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествената еднаквост за геј-мажите и за другите сексуални отпадници, ако некогаш ја оствариме, нема сама по себе да ја урне културната и нормативната доминантност на хетеросексуалноста, ниту единствениот облик на интимност што оваа го создава и го наметнува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што геј-културата денеска е поголемо табу од геј-сексот, така и токму културата на хетеросексуалноста – она што го нарекуваме хетеронормативност – е таа што сега ѝ ги дава најцврстите гаранции на општествената легитимност на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И во исто време реши да им изгради и мост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто, или ќе надојде Жепа, брзо и ненадејно како сите горски потоци, па ги поткопува или ги откопува гредите, или ќе надојде Дрина, па ја преградува и ја запира Жепа кај утоката, а таа нарастува и го крева мостот како и да не бил никогаш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет.
Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)