поткрева (гл.) - глава (имн.)

Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Учителката ја поткрева главата, но којзнае што мисли и кај гледа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Така ќе направи, и со наведната глава ги тера говедата пред себе, се разминува со луѓе и само тогаш одвај поткрева глава да ги поздрави или да ги отпоздрави, ама тие ништо да не видат и да не сетат зашто нејзината мака треба само нејзина да си остане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
БАБА АНЧА: (Ја поткрева главата и го забележува поп Јанчета уште при влегувањето во вратата. Оставајќи ја фурката на каменот):
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кучето ја поткрева главата и само вие, не се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислам дека некој бугарски војник ја поткрева главата и пак залегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Опасен е овој, Мирковиќ, си мислам, а очите ми солзат од некое маглиште, од некое натурено огниште, што ли? Ја поткревам главата од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја поткревам главата и тогаш светнува ракета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја поткрева главата од перницата и погледнува низ прозорецот да види каков е денот; понекогаш му е сè едно дали и сончев или дождлив, добар или лош, како што му е сè едно на затвореникот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја поткрева главата и го забележува здробено на подот: клинчето ли попуштило или гледа дека веќе не му е потребно на Богдана?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Богдан сега со мака ја поткрева главата од перницата и му иде да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По неколку минути почнаа исплашените кадани една по една да ги поткреваат главите, и, откако се уверија дека напаѓачите се изгубија, прва Ајша се исправи на нозе и длабоко се издиши, па се осмели да проговори: – Што стана, мори ќерки! – и се стрча кон кадијата кој длабоко простенка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја поткрева главата, ја нема Чана, брлогот уште е топол како што кажуваат дланкиве, а овде, каде до пред малку беше тој - студено бетер од грутка мраз!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сигурно сонувам, си помисли бабата Петра обидувајќи се да ја заврти својата голема снага во друга положба и при тоа ја поткрева главата сакајќи да се увери дека сите се околу неа, особено внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Благодарам, Аљоша, за прекрасните цвеќиња. (Тој не поткрева глава од работата во време на целата таа сцена): Честитам, честитам. Повелете наваму: во аголов. 160 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако ќе извртеше Милчо со рацете околу нејзината глава, околу темето кое најмногу ја болеше, кое ја стегаше, во кое ѝ гореше нешто, ќе почнеше да се оддалечува со рацете и да ѝ вели да ја поткрева главата, и таа ја поткреваше главата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Учителката ја поткрева главата, но кајзнае што мисли и кај гледа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја поткревам главата, а Цветан и Коста лежат ко никој да нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ја поткревам главата, а Горачинов ме прашува, што ми е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тетка уште лежи на патот и само ја врти, ја поткрева главата и ги замижува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А гледам дека ја поткрева главата кон мене, ги подбелува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја поткревам главата над церадата собрана зад кабината и наѕирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Козите само ги поткреваат главите и ги џвакаат досегнатите ластари и гранчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги поткреваат главите, ги чепатат вилиците, ги катат забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)