пофали (гл.) - дека (сврз.)

Домаќинот ја отвори вратата, не го позна и праша: - Молам, што сакате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Детето ги грабна парите и отрча да се пофали дека добило пари.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Овде се среќава обичниот Французин кој не се обѕира многу на модата, но затоа многу гледа на практичноста, се носи пак современо, но не може да се пофали дека чевлите или палтото го купил во некој модерен магазин на „Елисејските полиња“, или во некој од магазините на „Кристијан Диор“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, никогаш човек не може да се пофали дека Истанбул го разгледал ако не застане и не го посматра од неговите два раскошни моста: „Галати Ќупри“ и „Камаловиот мост“, кои се наткрилиле над „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А што се однесува до унапредувањето, можам да ти се пофалам дека од овој момент сум асистент снимател.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не, не се во прашање евентуалните пофалби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и да ме пофалат дека сум направил прекрасен избор, (мислам на местото за починка на мајка ми), нема да објаснувам дека изборот не сум го сторил јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се пофали дека го сакаат жените и влезе внатре на дело да ни го покаже својот успех.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Многу малку меѓу носачите можат да се пофалат дека израстоците им се оргинални.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чарли Офтика: „Многумина можат да се пофалат дека на предниот дел од своите глави, на лицата, имаат меснати израстоци популарно наречени носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На кратката руса коса имаше еден прамен во лилава боја, а еднаш му се пофали дека на грбот има тетоважа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Пред да ти испратам порака, се јавив на фиксен телфон кај тебе дома, и мајка ти ми кажа дека спиеш во твојата соба, и секако ми се пофали дека ќе одиш на балот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никој не можеше да се пофали дека го видел како навечер влегува в кафеана, арно ама затоа мнозина го гледаа како бега од преполните шеталишта и потонува во сенката на долгите, прави и осамени улици по горните квартови на градот и како се оддалечува од ѕидот и ги заобиколува круговите светлина што паѓаат од уличните светилки врз тротоарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога сум веќе кај желбите, можам да се пофалам дека многу од нив ми се исполниле. Барем оние кои ги посакував најсилно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И учителката Нада ми дала слика да ѝ увеличам за спомен што најверојатно и сум го направил, зашто во исто време и ме пофалила дека одеднаш почна добри состави да правиш!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Добра се пофали дека мажот ѝ заградил убаво местенце горе на плочата, бил и во градот, ама само до некаде, односно до каде што одела право улицата отаде насипот и кога почнала да се крши лево и десно и да се меша со други, си ја свртил муцката и право надолу, гледајќи да не му се скрие оџакот на фабриката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зар за тоа ги изнародивме, а?...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лазо вошливиот му се пофали дека ќе го убие и тој од страв избега.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Туку некој друг е виновен...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога јас го прашував да не знае нешто за мојот стопан, тој вртеше глава, свртуваше грб...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Мама ниту еднаш не ме пофали дека убаво ги бришам фикусите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
НИЕ, ДРАГИ МОИ, не можеме да се пофалиме дека добро си ги чуваме своите лични работи како што се: облеката, чевлите, книгите и ред други предмети што ни служат за лична употреба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако дадеме некому нешто, сакаме да се пофалиме дека сме дале и сакаме да ни се изрази благодарност. Тоа е грдо.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Некому мораше да му се пофали дека ракописот го завршил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ова мора многу да значи зошто никој овде не може да се пофали дека Су му се пуштала“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако Милка и Пелагија се одлепија една од друга, откако им се исушија солзите, оставајќи траги по нивните лица, првата можеше да го претстави своето момче и да се пофали дека оние две машки дечиња што креваат најмногу врева и од кои поголемкото е старо колку и нејзината Пеличка, се нивни, И по суратот се познава дека се наши не само по бојата! рече Милка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)