Италијанските вдовици од Фајер Ајленд ја немаат можноста, способноста, да бираат дали да се искачат до достоинствена јавна улога што истовремено ќе им ја признава и почитува тагата; не можат да утврдат дали на нивните загуби ќе им се дозволи во очите на светот да се издигнат до статус на трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали е тоа епистемологијата на плакарот и нејзините многукратни двојни врски, продорниот режим на хетеронормативноста и на хомофобијата, врховното значење на родот, неспорната заводливост на мажественоста, незгасливата желба за убавина или невозможноста хомосексуалноста наивно и невино да се искуси како нешто сосема природно, светот во кој суштествуваат геј-мажите постојано ги потсетува на нивната неизземеност од животинските стварности на сексуалното раслојување, на културното значење и на општествената моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)