почне (гл.) - прв (прид.)

Им поставија старешини и заедно со нив ги почнаа првите часови на подготовките за тоа што од денес па натаму ќе ги чека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го почна првиот. Неколку дни пред тоа го гледаше како мрцвари некакво момче на ринг.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Џипови не сопираат Во времето кога почнаа првите доцни излегувања ми ѕвонеше на телефон десеттина минути пред да излезе од кафуле, а јас тргнував со кола да ја земам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш почнале првите војни меѓу луѓето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утредента веќе почнаа првите циркуски проби на широчината.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со првиот благослов почнуваат и првите касаи, првите касаи одат со првите голтки, а уште со првите голтки почнуваат првите извици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
-Ќе врне, веќе почнаа првите капки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И сѐ беше добро до јуни 2005, кога почнуваат првите проблеми за вработените во друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, после овој почетен период, фирмата пополека се снабдува и опремува, а со текот на времето е отстранет и овој недостаток.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)