почне (гл.) - уште (прил.)

Одново барај прошка за да почнеш уште еднаш и одново најди причини да не почнеш и оправдување што не си почнал.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И почна уште повеќе да се крие од децата, од нивните задевања додека еден ден не го најде дедо Геро и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега веќе не можеше да ѝ избега на болката, што почна уште одамна да му се загнездува во неговите зглобови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Убеден дека Андон не се враќа назад, го дупна коњот со мамузите, го стигна првиот и му се придружи на песната, која овој беше ја почнал уште од кладенецот на наугорништето, гледајќи назад во далечните мариовски планини: „Даглар, даглар, виран даглар Јузум ѓулер карбим алар. Пеште мали сред'м таша Јаз'ланлар ѓелер баша.“ *
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)