Долго не почнуваше друга партија за што подолго да проведе со радоста во себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Никогаш не знаеш кај завршува едно, а кај почнува друго.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)