Таа требаше без ропот да ја прими разделбата во најубавите денови на својата младост, токму кога го почувствува животот, кој цутеше во прегратките на љубениот човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Потребно е сјајот на неговиот бисер, заробен во тврда лушпа на школката, која пак се наоѓа на дното на длабокиот океан на животот, да допре и да се спои со сјајот на ѕвездите кои се наоѓаат во бесконечно далечниот космос за да се почувствува животот вистински – ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И сега, кога си помислив на пролетта којашто доаѓа, повторно се помолив: "Господе, остави го уште малку да поживее, да и се израдува на пролетта, заради сите маки што ги трга, да излезе малку на светлина, да го види сонцето, пак да го почувствува животот надвор од болничката соба".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)