Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Уште на првите средби со Ема, откако началникот Круме Волнаровски предложи таа да биде префрлена кај мене, во Одделението за анализа, а со посебни овластувања за врска со женскиот оддел на Прифатниот центар за странци, во деновите на моето разбудено љубопитство кон жената чија појава измести многу нешта во нас и околу нас, ја почувствував моќта на нејзиниот поглед со продолжени пипки за допир што имитираше боја и вкус.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)