Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За првпат откако ја запозна Горда, Грдан се почувствува слободен, толку слободен што не знаеше што да прави со себе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)