Доколку Duchamp можеби и не го читал Peladan, знаеме барем тоа дека ги читал Laforgue и Mallarme, поезијата која често ја опседнува фантомот на хермафродитството, поезија во која, пред сѐ, посебно кај Laforgue, повторно се појавуваат темите за целибатот, девственоста и „Ева без здив” („Eves sans treve”); кај Mallarme во Herodiada, на пример, сексуалната реалност повеќе се доживува како некоја форма на церебрално надразнување, интелектуално скокоткање, отколку како возбуденост на сетилата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)