Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сите постари го минале тоа, кај сите се појавувале истите чувства, и сите „шашавеле“ како што тоа го вели поетот Антиќ.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На лицето од рабинот, под сериозните челично-сиви очи одново се појавува истата насмевка што ваквите вечери му тлее како штотуку запалена лампа за Ханука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)