прави (гл.) - ти (зам.)

Шо е воа, живот ли е? — покажува на децата и на нивните партали. — Шо правиш ти, мори црна чумо?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што правиш ти, ќе правам и јас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, чекај малку, да не го правиш ти ова за нешто друго? Имаш ли нешто друго ниет?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ФРОСА: Добро ве најдов... Што правиш ти, арна си?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Што ѓавола правиш ти...” му викаа од власта на Бандо, „ништо не фаќаш, ништо не носиш...?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ДИМИТРИЈА: Што правиш ти? Пак ѕвериш во празно. Работи нешто. МАРИЈА: Што да работам?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КИРО: Што се работи овде? На работа. (На Ангеле) Што правиш ти овде? Кој си ти?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Дури и кога би било така“, се бранела Босилка, "јас не можам да го правам тоа што го правиш ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш го убија Давидета Недолетниот. Го виделе качен на едно дрво и му рекле: - Што правиш ти, таму? - Еда, ќе летам, му рекол Давиде Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што правам, јас велам, да не правиш ти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)