Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но, за чудење, оваа инспекција во случајов реагираше во корист на новата директорка и прекршувањето на правото на Зефиќ de iure беше „озаконето“!?.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)