Од разговор со журналисти јас чув оти г.Станчев правел обид да повлијае на нив, но неуспешно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се спријателува со сликарот Франсис Пикабиа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во областа на уметноста, Дишан се открива себеси преку Сезан, кој во 1911 год. прави обиди со кубизмот: ‘Неговите теории ме привлекоа заради неговиот интелектуален став.”
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- Стрела! Што бара таа тука? - прошепна, правејќи обид да си ги среди мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Па кога ќе се повикувам тука на тие поделби, целта нема толку да ми биде да ги разграничам разните гранки на книжевноста, различните начини на претставување и различните формални системи на дискурс, колку што ќе ми биде да ги опишам различните хоризонти на очекување во говорот и во однесувањето.
Разни обѕири го прават обидот да се зборува за „машка геј-култура“ ризичен, проблематичен, па дури и немудар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ЛУКОВ: (Правејќи обид да го смири Младичот, да го покори.) Централниот комитет реши да премавне еден многу опасен предавник и изрод на нашиот народ.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)