прави (гл.) - цел (прид.)

„Се прочистив себе од сите ‘затапувачкѝ нешта што ги правев целиот изминат семестар и создадов колекција од ‘клошарскѝ цртани букви, со чудни цртички и контурни облици - примеса од ‘50-ите, ронка од ‘60-ите и ‘грст’ од ‘90-ите” - фонт кој го нарекол по името на бендот. Dolores станал вториот комплетен фонт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашинци, селани, Турци и Арбанаси, а најмногу Власи, па и по некој дубровчанец во таа нивна китнеста одора, туку влегуваа и излегуваа од опулот на Петре: големите зулуфи им стрчеа како сабји, долгите косишта им правеа цели кошари на главите, и тие намќоресто се пазареа гледајќи го него, не грнците и вината, така што можеше лесно да му се збоктиса - ама нели си имаше план Петре, сè беше готов да издржи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)